петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Жесток атак на власта врз македонскиот јазик

Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Жесток атак на власта врз македонскиот јазик

Жесток атак на власта врз македонскиот јазик. Пред неколку дена бевме сведоци на помпезното и лажно рекламирање на Бисера Костадиновска-Стојчевска за наводната афирмација на грижата и заштитата на македонскиот јазик по повод Денот на македонскиот јазик – 5 мај, велат од Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, на 4 мај во Националната галерија на Македонија е отворена изложба на Исмане Мехди, внука на Решат Амети, кој воедно е член на Управниот одбор на установата, а самостојната изложба беше најавена со рекламен материјал кој воопшто не содржи информации на македонски јазик, односно плакатот што е истакнат во Националната галерија на Македонија е само на албански јазик. Иако станува збор за вонпрограмска изложба, Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ прашува: Зошто директорката, како и Управниот одбор на Галеријата, дозволуваат да биде поставен таков плакат во национална установа? Зошто, спротивно на ова, кога изложуваат автори кои не се од албанска етничка припадност, редовно се принудени да имаат текст, легенди на делата и пропратни информации и на албански јазик? Зошто се бара употреба на албанскиот јазик дури и за вонпрограмски активности, кои авторите сами си ги финансираат? Зошто законот за јазици на кој се повикуваат, важи само за Македонците, а истиот не важи и за Албанците? И конечно, прашуваме: Во која држава и на која Национална галерија е директор Дита Старова-Ќерими? – велат од Комисијата.

„Со ваквиот игнорирачки став кон македонскиот јазик се задава директен удар и на Уставот и на постоечките закони. Заштитата и афирмацијата на македонскиот јазик не е само формална еднодневна илуминација на собраниската зграда со проектори. Зад таа шарена светлосна завеса се крие осмислено, подмолно и жестоко атакување врз македонскиот јазик како службен на целата територија на Република Македонија“ – посочува Централната комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ.