петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дали Димитров потврди дека му бил посочен рекет врз конзул, а тој не го пријавил?!

Дали Димитров потврди дека му бил посочен рекет врз конзул, а тој не го пријавил?!

На вчерашниот дуел во емисијата 24 анализа на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, беше отворена темата за информациите во јавноста дека конзул на една европска земја во Македонија бил жртва на рекет и дека истиот случај му бил предочен на министерот Димитров.

– Постојат сознанија исто така во јавноста дека имало обид за рекет на еден друг бизнисмен, кој не е се уште излезен во јавност , кој што е почесен конзул на една држава земја членка на европската унија да нагласам, и дека тој го информирал амбасадорот за ова што му се случува, кој што е нерезидентен амбасадор во Република Македонија. Истиот тој амбасадор го информирал министерот за надворешни работи. Прашувам што вие имате направено, дали отидовте во обвинителството да пријавите? Дали се обративте кај надлежен јавен обвинител да го испита тоа или оставивте тоа да остане така затоа што можеби ќе беше политички непријатно за власта?- посочи Николоски.

Министерот Димитров најпрво го демантираше дека со било кој амбасадор разговарал за Рекет, за веднаш потоа да посочи дека со односниот амбасадор разговарал минатата година, иако Александар Николоски не го спомена ниту името на амбасадорот , ниту државата која ја претставуваат амбасадорот и почесниот конзул.

– Се работи за чиста невистина. Од било каде да ми дошла информација, се разбира дека веднаш ќе отидев кај надлежни органи и ќе пријавев. Ниеден амбасадор не ми зборувал за Рекет. И ви кажувам дека последната средба со ОДНОСНИОТ амбасадор е кон средината на октомври минатата година- се правдаше Димитров, кој додаде дека ниту милиметар нема со случајот Рекет.

Погледнете ги исечоците од емисијата кои се однесуваат на овој скандалозен случај за наводно рекетиран почесен конзул во Македонија и проценете сами.

Подоле можете да ја погледнете целата емисија 24 Анализа во која дебатираа Никола Димитров министер за надворешни работи и Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести