вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Корбин: Се разбира дека ќе отслужам цел мандат ако победат Лабуристите

Корбин: Се разбира дека ќе отслужам цел мандат ако победат Лабуристите

Лидерот на главната британска опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин денеска изјави дека ќе отслужи цел мандат на функцијата премиер ако неговата партија победи на следните парламентарни избори, кои се очекуваат во следните неколку месеци.

Коментирајќи ги шпекулациите за тоа дека размислува да се откаже, Корбин (70) денеска за Би-Би-Си изјави дека ќе ги предводи лабуристите на следните избори.

На прашањето дали ќе отслужи цел мандат, Корбин одговори „се разбира“.