понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Буба Корели ќе мора да плати вртоглава сума на пари за да не оди во затвор – за него тоа не е ништо

Буба Корели ќе мора да плати вртоглава сума на пари за да не оди во затвор – за него тоа не е ништо

Буба Корели (Амар Хоџиќ) беше прогласен за виновен поради неовластено производство и трговија со опојни дроги, објавија вчера босанските медиуми, а наместо затворска казна, познатиот музичар би можел да плати само парична казна.

Како што дознава „Блиц“, од Кантоналниот суд во Сараево, Буба има право на жалба во рок од 15 дена, а тие го контактирале и неговиот адвокат, Златко Ибришимовиќ.

– Точно, но оваа жалба нема да се искористи затоа што е склучен договор за признавање на вината. Ова е предмет што е од 2014/2015 година. Ова е стар предмет  – рекол адвокатот, потврдувајќи дека во казната ќе бидат пресметани осум месеци кои пејачот ги поминал во притвор.

 

View this post on Instagram

 

#gandjasvudagandja

A post shared by Cora (@bubacorelli) on

– Така е. Тоа се пресметува во изречената казна и преостануваат тие четири месеци. Според нашиот Кривичен закон, постои можност лицата осудени до една година да ја исплатат казната. Претпоставувам дека таа можност ќе биде искористена. Не знам колку е точен износот. Кај нас ден е 100 марки, околу 50 евра – објаснил Ибришимовиќ.

За четири месеци, односно 122 дена, тој износ би изнесувал 6.238 евра. Реакцијата за паричната казна многумина не ја примиле добро, бидејќи популарниот пејач, наводно, ја добива оваа сума за само еден настап и сметаат дека не е фер. Адвокатот исто така признал дека тој сè уште не слушнал од Хоџиќ.

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Cora (@bubacorelli) on

– Не сум се слушнал со него неколку дена. Не знам каков е неговиот коментар и став за оваа приказна – објаснил тој.

Најнови вести