сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потврдени пет случаи на африканска свинска чума во Унгарија

Потврдени пет случаи на африканска свинска чума во Унгарија

Унгарската национална Агенција за безбедност на храна Небих откри пет случаи на африканска свинска грозница кај диви свињи во околината на Будимпешта.

Случаите на инфекцијата се откриени во ловечката област Будакеши, западно од Будимпешта. Се наведува дека неколку странци од земји во кои се појавила оваа животинска болест ја посетиле областа, но и дека изворот на инфекцијата може да биде и во Унгарија.

Небих ги повика сите унгарски фармери да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ширење на инфекцијата.

Во моментов околу 10 европски земји се погодени со африканска свинска чума, а најголем број случаи е забележан во Бугарија и Романија.

Болеста е безопасна за луѓето.