четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Амандманот за изградба на булевар од Момин Поток до Визбего има големо значање за трговијата на Македонија со Косово

Данев: Амандманот за изградба на булевар од Момин Поток до Визбего има големо значање за трговијата на Македонија со Косово

Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на дешното свое одбраќање упати апел да минисерката за финасии, Нина Ангеловска да ја удостои комисијата да се разговара за конкретно амандманите коишто се поднесени и да се дебатира врз база на факти, аргументи и да ги виде и слушне македонската јавност ставовите на новата министерка.

-Но, после седум дена отсуство да не се присуствува на амандмантската расправа граѓните ја согледаа и понатака ангажманот на министерката може да е сувишен и се надеваме дека заменик министерката ќе има подруг пристап кога се работи за амандмани од страна на опозицијата.Со колегата Поповски поднесовме амандман за издвојување на 150 милиони денари за изградба на булевар од Момин поток до скопската обиколница кај Визбегово која ќе послужи за потребите на вработените во таа индустриска зона, а особено за трговијата што се одвива во Република Македонија поточно Скопје и останатиот дел од државата и трговијата која се остварува со Косово, истакна пратеникот Данев.

Тој укажа дека тоа е барање на стопанствениицте коишто имаат свои стопански субјекти во овој дел на градот Скопје и е повеќегодишно барање на овие граѓани. ВМРО-ДПМНЕ го имаше согледано овој прболем и правеше напори да во догледно време биде решен.

-Ете сега вие ја практицирате власта, но вие пак како дел од некогашната власт мислам дека во голема мера ќе имате разбирање кон проблемот и ќе овозможите да во буџетот се обезбедат доволно средства да се отпочне со реализација на овој проект.Јас знам дека веднаш не може да се направи тоа булеварско решение, но ако вие се согласувате ние можеме да го видоизмениме амандманот, да проектираме средства за идејно решение, додаде Данев.

Најнови вести