четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

СДСМ во Лозово спроведува популизам и лицемерие а ги прикажува како Еко Акција за чиста животна средина, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ во Лозово спроведува популизам и лицемерие а ги прикажува како Еко Акција за чиста животна средина, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Лозово, Бошко Цветковски со своја реакција упатена во јавноста ги критикуваше последните активности на активистите на СДСМ во нивната општина.

Во врска со спроведената акција „Еко Акција за чиста животна средина” која што од Општинската организација на СДСМ од Лозово ја реализираа, Бошко Цветковски истата ја окарактеризира како „Популизам и лицемерие“ .

Деновиве СДС под мотото „Еко Акција за чиста животна средина“ наводно има спроведено некаква акција за собирање смет по улиците и зелените површини…Јас би направил корекција во насловот и би ја нарекол „Популизам и лицемерие“,

-соопштува Претседателот на опозицијата во Лозово и го аргументира своето тврдење во продолжение:

Зошто „Популизам“?
– Затоа што ако ги погледнете сликите во прилог,ќе забележите неколку интересни факти:
1.Нема отпадоци на местата каде што наводно собираат отпад.
2.Се шетаат со празни вреќи за отпадоци.
3.по завршувањето на аквијата,повторно празни кеси.
4.Коментари од граѓани кои кажуваат дека нема потреба од еко акција таму ,бидејки работниците на ЈКП веќе исчистиле..

Зошто „Лицемерие“
Повторно факти со слики и видеа во коментар..
1.Најпрво бевме сведоци како се сечат повеќегодишни дрва во кругот на општината за кои се сомневаме дека не била издадена дозвола за сеча,што по закон е кривично дело.
2.Никој не знае каде завршиле и за кои цели биле искористени пресечените дрва.
3.Се грижиш за шивотната средина но ги уништуваш белите дробови на природата…Лицемерно нели?

Во поткрепа на своите аргументи Бошко Цветковски во јавноста упати и фотографии на кои се гледаат како активисти на СДСМ ОО Лозово симулираат собурање отпад на веќе исчистени површини со празни вреќи за отпат и голем број исечени дрва на повеќе места во општината.

Дел од овие фотографии ги објавуваме во продолжение:

   

Превземено од Брегалнички.мк.