вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ СРАМ: Непочитување на протоколот е непочитување на сопствената држава (ФОТО)

УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ СРАМ: Непочитување на протоколот е непочитување на сопствената држава (ФОТО)

Вчеравечер се случи уште еднаш голем срам за Република Македонија. Во кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за време на официјалната средба со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, црногорското знаме беше ставено наопаку.

Ваков скандал од вакви размери не е прв пат да се случи. Такви скандали имаше и со други држави. Очигледно протоколот во кабинетот на Зоран Заев и Стево Пендаровски единствено знаат да земаат огромни плати.

Минатата година од Кабинетот на Заев успеаја да го утнат и австриското знаме при посетата на канцеларот Себастијан Курц. Наместо австриско знаме протоколот истакна летонско знаме.

По овој скандал дури и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со цел да не се потсмева Европа сакаше да помогне на владата да го погоди барем германското знаме, бидејќи тој период требаше да дојде канцеларката Ангела Меркел. Во едно од соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во прилог на Заев му испрати како изгледа германско знаме само за да не погреши неговиот Кабинет.

Реакциите по социјалните мрежи по скандалот за црногорското знаме се вжештија и не го оправдуваа овој голем кикс на протоколот од кабинетот на Пендаровски.

На социјалните мрежи пиша и Оливер Шамбевски кој остро критикува за вакви грешки. Тој во својата реакција пишува дека со вакви грешки власта покажува непочит кон државите и народите, а сето тоа се должи на распуштеноста, во негрижата, во разбаханаленоста на носителите на функциите.

„Не е проблем што три-четири пати го уткаат знамето на гостите што ни доаѓаат во посета, не е толку многу голем проблем ни тоа што искажуваат непочит кон државите и народите од каде тие гости доааѓаат, проблемот реално е во распуштеноста, во негрижата, во разбаханаленоста и на носителите на функциите кај нас и на оние што работат кај нив!Ова само покажува колку не се внимава на деталите колку им е се едно за земјата и луѓето што ги преставуваат, колку аматерски и неодговорно се пристапува кон деталите што се највидливи, а вие ценете како постапуваат кон она што не е толку многу видливо во работата им. Реално проблем е што странските гости имаат разбирање за ваквите пропусти, зошто сфаќаат дека кај претседателот или премиерот на Македонија нема баш некој посебен квалитет на кабинетите, па знаат дека „навредата“ не е намерна, дека не е чин со намера да навреди или испрати порака, туку едноставно дека овие кутрите толку знаат, уште ако е дојден и со предрасуди за балканци… Ама проблем е и тоа што не се ни свесни дека тоа е најлошото светло во кое можат да не претстават.Што е, мислите дека не е така? Престрог сум во оценката? Ај баш размислете. Видовте некој да одговара а?“ пишува Шамбевски.

Но проблемот не застанува тука во ек на евроинтеграции Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски остави околу 27 празни дипломатски позиции низ светот. А, според МНР постои дури предлог да бидат затворени најмалку 44 амбасади, едната од тие ќе биде во Бразил, а за останатите три се уште јавноста нема информации.

Со затворањето на амбасадите може да се протолкува како дипломатска антиреформа.

Објаснувањето на Пендаровски за затворање на амбасадата во Бразил беше дека во Скопје тие немаат своја амбасада.

Сепак таквото објаснување не служи како објаснување бидејќи ако така гледаме тогаш треба да ги затвориме нашите амбасади во Отава, Каиро, Тел Авив, Брисел, Канбера, Ватикан, Осло и Копенхаген, само затоа што Канада, Египет, Израел, Белгија, Австралија, Светата Столица, Норвешка и Данска бидејќи немаат резидентни амбасади во Македонија.

Сите земји во светот кои немале или сè уште немаат амбасади во Бразилија, прават напори да отворат, а Пендаровски брза да ја затвори. Многу површно и несериозно за долгорочното проектирање на дипломатските капацитети на Македонија – реагира пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Со овие чекори власта единствено и штети на Република Македонија во погледот на дипломатските односи, освен со грешење на националните знамиња на функционери кои доаѓаат од страна, туку и со затворање на амбасади и немање амбасадори во скоро 27 земји.

Најнови вести