Времето ништо не лечи, а плачам и по неколку денови без престан: Болна исповед на мајката на познатата балканска пејачка која почина од рак
watch_later
04. октомври 2019. @
12:12 timelapse 15 мин.
Пејачката Дона Арес почина на 2 октомври 2017 година на 41 година од својот живот, по тешката и долга битка со болеста, а од тогаш времето за нејзиното семејство како да застанало во минатото.
Таа почина во родниот Бихаќ, а претходно пејачката живеела во Данска, но како што велат многумина таа осетила дека доаѓа крајот па се вратила дома.
Нејзината мајка Ајка Колаковиќ најтешко ја поднела нејзината смрт.
-Преболно е, претешко. Не дај Боже никој да не се чувствува како мене. Времето ништо не лечи. Имам јас свои механизми за функционирање, поприлично сме јаки и големи борци… Меѓутоа таа е секогаш присутна, навикнавме на Азра да ја нема дома, бидејќи одеше на турнеи, но доаѓаат денови кога се соочуваш со вистината која е сурова. Се е страшно, раскажува мајката на пејачката за „Дневни аваз“.
Со солзи во очите таа и оваа година замина на гробот на својата ќерка и по пат изјавила дека човек само ули да живее понатаму.
-Некогаш кога ја слушам нејзината музика се чувствувам како да е нормално и да е тука, но некогаш… зависи од местото, моментот, опкружувањето… некогаш тој ураган едноставно и мене ме преовладува и плачам по неколку денови, па се смирувам, функционирам нормално некое време, а потоа повторно истиот ураган, додава таа.