Во текот на септември годинава, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и соодветно санкционирале 2401 сообраќаен прекршок, а биле контролирани 5550 учесници во сообраќајот.
-Поради констатирани различни видови прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од сообраќај биле исклучени 134 возила.Најмногу од исклучените возила ( 102 ) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 32 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките. Во периодот за кој станува збор, од сообраќај биле исклучени и 382 возачи, од кои 197 кои управувале без возачка дозвола, 10 со несоодветна категорија, 4 со важечка забрана, 110 возачи-почетници и 61 кои управувале под дејство на алкохол, информира Марјан Јосифоск, портпарол на СВР Тетово.
Откриените сообраќајни прекршоци минатиот месец, заокружени се со 692 прекршочни и 1354 мандатни плaтни налози, како и со 355 писмени опомени. Во септември ,исто така, времено биле одземени 128 возачки и 90 сообраќајни дозволи.