петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

72 санкционирани возачи на територијата на Кочани, 13 без возачка

72 санкционирани возачи на територијата на Кочани, 13 без возачка

Во текот на вчерашниот ден (15.10.2023) во периодот од 17.00 до 21.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кочани, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 72 возачи, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол, шест за измината важност на сообраќајната дозвола, двајца возачи биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз. Изречени се девет мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), три санкции за возење мотоцикл без заштитна кацига, пет мерки за возач почетник… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.