недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Викендов казнети 179 возачи во Куманово, еве какви прекршоци направиле

Викендов казнети 179 возачи во Куманово, еве какви прекршоци направиле

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 179 возачи.

Од нив 137 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 22 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 16 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирани возила.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.