среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Единасет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Единасет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Единаесет лица се здобиле со лесни телесни повреди во осум од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле во текот на вчерашниот ден. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 18 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 19 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и еден почетник, како и 18 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајца возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство наминување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување,  еден возач за не носење заштитен шлем, еден возач за не носење сигурносен појас, како и осум возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 90 возило непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 67 возила.

Најнови вести