среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Сите го забележаа необичното домашно милениче: Анџелина Џоли за прв пат ја отвори вратата на својот дом вреден 25 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Сите го забележаа необичното домашно милениче: Анџелина Џоли за прв пат ја отвори вратата на својот дом вреден 25 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Мега популарната холивудска актерка Анџелина Џоли (44), додека се подготвуваше заедно со своите деца за лондонската премиера на продолжението на филмот „Господарица на злото“, на социјалните мрежи објави и кратко видео од нејзината луксузна вила која се наоѓа во Лос Анџелес.


Луксузниот дом вреден 25 милиони долари поседува 6 спални соби, 10 купатила, приватна библиотека, просторна дневна соба, кујна со трпезарија и двориште од неверојатни 21.000 илјади квадратни метри на коои се простира и самиот објект.

Освен раскошните градини со базен, имотот е украсен и со фонтани, тука е и помошната куќа во која се наоѓа теретана како и затворен базен.

Инаку, вилата е стара повеќе од 100 години.

Популарната актерка е позната како голем заштитник на човековите, но и на животинските права, па во склад на тоа ги покажа и своите домашни миленичиња.

Покрај кучето и зајачето, Џоли поседува и голем гуштер, кој што никако не можеше да не биде забележан.

ФОТО: Profimedia/Backgrid UK