вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сириските сили го зазедоа градот Сулук

Сириските сили го зазедоа градот Сулук

Сириските сили, заедно со сојузниците денеска го зазедоа градот Сулук, на петтиот ден од турската офанзива во северна Сирија.

Курдските воена сили се протерани од центарот на градот, кој се смета за стратешки крстопат, на околу 10 километри од границата со Турција, јави турската новинска агенција Анадолија.

Курдските власти тврдат дека судирите во Сулук се во тек.

Неколку гранати истрелани од Сирија ги погодија турските погранични градови Акчакале и Суруч, во провинцијата Санлиурфа.