понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трајановски: Мора да престане агонијата  која што  ја има во Република Македонија и мора оваа власт да си замине

Трајановски: Мора да престане агонијата  која што  ја има во Република Македонија и мора оваа власт да си замине

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со акцијата „Разговори за обнова на Македонија“. Ме радува големиот одѕив  на народот на овие средби коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ. Ние мораме да го вратиме достоинството на народот во Република Македонија, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мора да престане агонијата  која што  ја има во Република Македонија. Мора оваа власт да си замине, бидејќи го сруши достоинството на народот во Република Македонија. Тие владеат со страв, со заплашување, го потценуваат народот, а народот масовно се иселува. Ние затоа ќе ја обновиме Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори. Победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори ќе значи враќање на државата на народот. Владата на Заев мора да падне. Мора да падне поради тоа што нема реформи, има многу рекет, криминал, неработење. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ја обнови Република Македонија, вели Трајановски.

Тој додава дека што се однесува до датум за преговори на Република Македонија со Европската Унија , ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани го посакуваме тој датум, меѓутоа тешко се добива датум за преговори доколку во државата нема реформи,  пред се судски реформи,   доколку има рекет,  криминал,  непотизам и неработење.

Најнови вести