сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Српските медиуми за Димитров: Македонскиот министер предизвика дипломатски скандал (ФОТО)

Српските медиуми за Димитров: Македонскиот министер предизвика дипломатски скандал (ФОТО)

„Србија ќе гори во пеколот, ние ќе победиме! Македонскиот министер предизвика дипломатски скандал преку Фејсбук“,„Шефот на дипломатијата на Северна Македонија предизвика скандал“, „На министерот за надворешни работи на Северна Македонија му се допаѓа идејата дека Србија треба да гори во пеколот“. Ова се само дел од насловите на српските медиуми за, како што велат, дипломатскиот гаф и скандал на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Српските медиуми пишуваат дека министерот Димитров може да предизвика дипломатски скандал затоа што на еден коментар на неговиот приватен ФБ профил тој стави лајк на коментарот: „Ние ќе победиме, а Србија ќе гори во пеколот. Саботажата на Србија е историска“.

Според нив, ова е уште еден непримерен гест на северната влада кој ќе предизвика бура реакции меѓу Србите во Македонија и ќе биде окарактеризиран како непримерен дипломатски инцидент и нова провокација кон Србија.

Најнови вести