понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Корисни совети за безбеден сообраќај во зима

Корисни совети за безбеден сообраќај во зима

Со оглед на фактот дека денес и во текот на наредниот период  во Република Македонија ќе владеат зимските услови на патиштата, РСБСП со потсетување на неколку правила поврзани со подготовката на автомобилот, мерките на претпазливост и возењето воз имски услови.

  1. Општи мерки и препораки за возење во зима и подготовка на возилото 
  • Доколку не морате да патувате со автомобилот, користењето на алтернативен превоз (такси, автобус) во лоши временски услови е секогаш подобро решение.
  • Задолжително користете соодветна зимска опрема.
  • Задолжително проверете ја техничката исправност на возилото и бидете сигурни дека возилото е во исправна состојба.
  • Не го загревајте возилото во затворен простор, како на пример гаража.
  • Не го оставајте возилото со недоволно гориво во зима. При евентуалното заглавување во снежно невреме, горивото ќе ви биде клучен ресурс.
  • Проверете го нивото на антифриз, обезбедете соодветна течност за стакла за зимски услови и проверете дали бришачите се во исправна состојба.
  • Добро запознајте се со временската прогноза и со рутата ако патувате на подолг пат.
  • Известете ги блиските за дестинацијата, времето на поаѓање и планираното време на пристигнување во случај да патувате на подолг пат и во изолирани и планински места.
  1. Совети за возење на снег 
  • Прилагодете ја брзината на условите на патот.
  • На снег и мраз, за секој маневар е потребно подолго време, затоа потребно е да се предвиди повеќе простор за кочење, вртење, вклучување, претекнување.
  • Растојанието до возилото пред вас треба да е поголемо од вообичаено.
  • Забрзувањето и кочењето мора да биде мошне внимателно и успорено.
  • За забавување на возилото најдобро е да се користи моторно кочење и да се избегнува притискање на сопирачката колку што е можно. Доколку користете сопирачки, правете го тоа мошне полека, никако нагло или со силен притисок.
  • Лесното додавање гас е најдобриот начин да се избегне излизгување и превртување на тркалата.
  • Не додавајте гас на нагорнини и места со натрупан снег, кал или мраз.
  • Не застанувајте на нагорнина, бидејќи поаѓањето од место на замрзата нагорнина е многу тешко.
  • На надолнините возете мошне споро, во ниска брзина и со моторно кочење.
  1. Работи кои може да ви користат и е добро да ги имате со себе 
  • Полнач за мобилен телефон за во кола
  • Електрична ламба на батерии
  • Кабли за стартување на возилото
  • Кабли за влечење
  • Лопата за снег
  • Дополнителна топла облека или ќебиња и храна (за на подолг пат).
  1. Совети доколку останете заглавени во снежно невреме
  • Aко заглавите во снежно невреме останете во возилото. Во секој случај, тоа е најчесто најдоброто засолниште што ќе го имате , а така и полесно ќе ве најдат спасувачките екипи.
  • Ако автомобилот работи, осигурајте се издувните цевки да не бидат прекриени со снег, мраз или кал. Блокираните издувни цевки може да предизвикаат на влегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .
  • Заврзете парче облека или платно со јака боја околу антената на колата или заглавете го со прозорот.
  • Во темница, можете да ја оставите запалена сијаличката која е на кровот од автомобилот, бидејќи не троши многу од акумулаторот. Ова ќе помогне полесно да бидете лоцирани.
  • Вклучувајте го моторот само онолку колку што е потребно да се ублажи неподносливиот студ.
  1. Паркирање 
  • Не ги оставајте бришачите во активна позиција, бидејќи може лесно да се залепат на ветробранското стакло и да се оштетат.
  • Исправете ги тркалата и под нив ставете цврст материјал, за да може полесно да тргнете со возилото
  • Не паркирајте на нагорнина или надолнина доколку е возможно.

РСБСП со апел: Придржувајте се на  горенаведените совети за ваша безбедност  и за избегнување на сите непријатни ситуации во кои може да се најдете во зимски услови на патиштата

 

Најнови вести