вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Фрлени 288 тони индустриска сол на на градските сообраќајници

Фрлени 288 тони индустриска сол на на градските сообраќајници

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатово деноноќие ги чистеа од снег градските сообраќајници, пешачките патеки и јавните површини. Од 17 до 7 часот утрово се фрлени 288 тони индустриска сол.

Град Скопје информира дека на терен се интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, со 16 возила на зимска служба и три грејдери, а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги расчистувале тротоарите на булеварите „Илинден“, „Митрополит Тедосиј Гологанов“,„Видое Смилевски-Бато“, „Борис Трајковски“, улиците „Втора македонска бригада“, „Адолф Циборовски“, кружниот тек во населбата Топанско Поле, просторот пред Собрание на Република Македонија, патеките низ Градскиот парк, паркот „Македонија“ и мостот „Гоце Делчев“.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ интервенирале на повеќе локации со 125 работници и механизација (четири трактора со специјални четки за снег, еден трактор со специјални ножеви за снег, два мотокултиватора, како и две патарки за расфрлање сол). Нивните екипи работеле на расчистување на јавните површини во централното градско подрачје, каде се чистеле плоштадите, мостовите и Старата скопска чаршија. Овие екипи ги расчистувале пешачките и велосипедските патеки по булеварите „Партизански одреди“, „Илинден“, „ВМРО“, „11-ти Октомври“, „Крсте Мисирков“, „Цветан Димов“, „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Александар Македонски“, како и улиците „Димитрија Чуповски“, „Филип Втори“ и „Мајка Тереза“.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ ги чистат сливниците.

Градските власти апелираат возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, а сите стопански субјекти и граѓани да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.