понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Tрет ден отсечени 250 жители од две села во Ранковце поради снегот

Tрет ден отсечени 250 жители од две села во Ранковце поради снегот

Високата снежна покривка од околу 60-тина сантиметри и големите наноси на регионалниот патен правец Ранковце-село Герман веќе четврти ден ги отсече жителите на селата Герман и Криви Камен од сообраќајна комуникација со општината.

Градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека учениците од подрачното училиште “Христијан Тодоровски-Карпош” четврти ден не посетуваат настава.

– Наставата во училиштето во Герман  е во застој четврти ден, наставниците не можат да отпатуваат до таму, а иако јас инсистирав изминатите денови ЈП Македонија се уште не го има пробиено патот. Засегнати се жителите на село Пклиште, Станче, Криви Камен и Нерав, иако до Пклиште е излезено возило на Македонија пат, но не и до Герман, рече Тошевски.

Апелира да се активираат екипите за расчистување за да се овозможи нормално функционирање на жителите на реонот.

Градоначалникот информираше и дека се расчистени и проодни локалните патни правци за чие одржување е задолжена општината, а за зимско одржување е задолжено Јавното претпријатие „Чист ден” од општината.

– Македонија пат за денеска  најави расчистување на патот до село Герман, и тоа со специјално возило за отстранување снег-унимол. Ќе се чисти и патниот правец до Калин Камен, што го поврзува со село Бс, како и патот што води кон село Борово. Дренак останува отсечено и патот е подолго време непрооден, информира Зоки Павловски, раководител на ПЕ на ДЗС,Крива Паланка.

Најнови вести