понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Детали од кои ќе ви се заледи крвта- еве против кого води полицијата истрага поради смртта на 39-те лица во камионот на смртта

Детали од кои ќе ви се заледи крвта- еве против кого води полицијата истрага поради смртта на 39-те лица во камионот на смртта

Британската полиција денеска соопшти дека води истрага за двајца браќа од Северна Ирска поради смртта на 39 лица, чии тела беа пронајдени минатата недела во камион во близина на Лондон.

Полицијата во Есекс соопшти дека Ронан Хјуз (40) и неговиот брат Кристофер Хјуз (34) од Арма се осомничени за убиство и трговија со луѓе.

– Во моментов веруваме дека се во Северна Ирска, но тие се исто така се поврзани и со Република Ирска, рече главниот инспектор Стјуарт Хупер и додаде дека клучно за истрагата е двајцата браќа да бидат пронајдени и испитани.

Возачот на камионот-ладилник Морис Робинсон, кој е обвинет за смртта на 39 луѓе, беше на суд во текот на вчерашниот ден.

Детективите кои го истражуваат овој случај, покрај Робинсон, уапсија уште три лица, но тие се ослободени со кауција