недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Моите ставови се дијаметрално спротивни со оние кои ги напиша порталот кој ја толкуваше Иванка Василевска

Мицкоски: Моите ставови се дијаметрално спротивни со оние кои ги напиша порталот кој ја толкуваше Иванка Василевска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на телевизиското гостување вечерва на ТВ Шења, а во однос на објавувањето на текст за членот на Извршниот комитет Иванка Василевска од страна на српскиот портал деновиве, истакна дека неговите ставови се дијамeтрално спротивни на она што порталот го напишал.

Тој објасни дека Василевска имала и демант на напишаното од порталот, кој што текст и ставови биле објавени тенденциозно и невистинито.

-Мојот став е дијаметрално спротивен на она што беше напишано од страна на тој портал, кое е класично извртување на вистината, класична злоупотреба на личноста, мојот став и политиките кои што ги водам се јасни и транспарентни, чисти и без никаква дилема и без никаков момент да се остави сомнеж, вели Мицкоски.

Најнови вести