32-годишниот маж го откри новчаникот кој што го изгубил на имотот
Кога утото мртвата коза ја најдов во нашиот двор, што не беше и прв пат да доаѓа на нашиот имот, не ни сонував дека козата е силувана па задавена, раскажува за „Назависне“ Слободанка Вучковац од Радињаче, кај Бањалука.
Како што раскажала, тоа што посебно ја шокирало дека зад овој морбиден начин осомничен е 32-годишен маж кој како што вели таа не го негираше делото, туку на нејзиниот син дури му признал дека козата едноставно „била привлечна“.
И претходно, се случувало да пронајде мртва кооза која потоа ја погребувале, а можеби и сега исто би било доколку повредите на животното не ги разбудеа сомневањата, која била пронајдена надвор од шталата.
Како што раскажува таа, пронашла новчаник со лични документи од 32-годишниот маж, за кој никогаш не би можела да помисли дека може да направи такво нешто.
-Повикав полиција која дојде на лице место, а потоа дојде и ветеринар. Му реков дека нешто ми е чудно околу репот на козата, а ветеринарот веројатно одма видел за што станува збор. Иако тоа веднаш не ми го потврди, направена е обдукција на ветеринарниот институт во Бањалука од каде што добив и официјална потврда дека козат е силувана и задавена, раскажува шокираната жена.
-Момчето беше во 24-часовен притвор па ослободен. Тој воопшто не го негирал делото, а кога после го сретнал мојот син му рекол: „Знаеш, кога поминував и ја видов козата, таа ме привлече“. Тоа лично му го раскажал на моојот син, истакна вознемирената жена.