Безживотно тело на жена на 60-70 години утрово било извадено до водите на реката Вардар во близина на пешачкиот мост кај Железничката станица, јавува 24 инфо.
Жената не била пријавена за исчезната, а кај себе немала документи за идентификација, така што допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.