четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тело на 27-годишно момче пронајдено во канал за наводнување од река Брегалница, бил пријавен за исчезнат

Тело на 27-годишно момче пронајдено во канал за наводнување од река Брегалница, бил пријавен за исчезнат

На 10.08.2023 во 18.13 часот во с.Истибања, виничко, кај место викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница, било пронајдено безживотното тело на Ј.Ѓ.(27) од виничко, за кого претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот.

Телото било извлечено од страна на Територијалната противпожарна единица Виница, а лекар од Итната медицинска помош Виница констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.