вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Дневен хороскоп: Бикот нервозен, Јарецот сонува за љубов

Дневен хороскоп: Бикот нервозен, Јарецот сонува за љубов

ОВЕН

Верувате во себе и во својата внатрешна сила и проценливост. Ако имате договорен состанок со странски партнери, дајте му предност. Емотивно сакате да бидете во врска, ако сте слободни. Други управуваат со вашите емоции.

БИК

Нервозни сте поради некои непланирани трошоци. Но до крајот на денот ќе се средат работите. Денот е вистински за страсти или тајна љубов за оние кои се во врска или во брак. Но, бидете внимателни. Чувајте се од повреди.

БЛИЗНАЦИ

Добар е денот за оние кои се занимаваат со јавни услуги. Имате сила, енергија да се изборите со сите проблеми. Успешен ден. Ако размислувате за некоја шанса, тогаш мора да бидете максимално концентрирани. А денеска денот не е поволен за такво нешто. Размислувајте позитивно.

РАК

Сконцентрирани сте максимално на ова поле. Соработниците со кои работите, ќе мора да се покажат што подобро. Конфузија на емотивен план. Немате доверба ниту во себе, ниту во партнерот. Морате да се менувате. Лош проток на енергија.

ЛАВ

Имате некој конфликт. Вољата ви е загрозена, што никако не е добро за вас. Издржете го овој неповолен ден. Имате потреба вашата врска да биде силна. Контролата ви е на ниво, а тоа му пречи на партнерот. Внимавајте на видот.

ДЕВИЦА

Имате објективност, социјални сте и некој кој ги разбира туѓите потреби. Омилени сте на работното место. Ги контролирате своите чувства. Тоа е добро, но попуштете малку за партнерот да не го разбере на погрешен начин. Болки во грбот.

ВАГА

Вие работите напорно, но совесно и со насмевка. Денеска ја отрфлате љубезноста и одлучно се занимавате со проблемите кои може да ја загрозат вашата позиција. Вашиот љубовен живот збогатете го со одење во кино или театар. Добро.

ШКОРПИЈА

Сензитивноста ја пренесувате на работното поле. Соработниците може да паднат под вашето влијание, а на некои тоа им одговара. Премногу сонувате и не гледате некои работи всушност како се. Спуштете се на земја. Болки во нозете.

СТРЕЛЕЦ

Чувствителни сте, и проблемите дома ви го одвлекуваат вниманието. Потребно ви е место каде што ќе се тргнете од сите. Денеска ви недостасува одговорност. Едно зборувате, друго правите. Ви отекуваат нозете.

ЈАРЕЦ

Знаете што сакате, идете кон своите цели. Свесни сте за себе и околината, но денеска никој ништо не ви може. Сонувате за љубов, и денеска можете да си ја дозволите. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Креативноста и вербата се два добри услови денеска да ги остварите целите. Имате одличен ден.Партнерот ве критикува дека повеќе мислите на работата, отколку на врската. Ќе ви годи прошетка.

РИБИ

Сомнителни сте пред соработниците. Тие мислат дека сте несигурни во своите ставови. Денеска сте привлечни, и задоволни се поради тоа. Тоа го покажувате низ насмевка. Отоци во нозите, ќе ви годи шетање.