Српската пејачка која учествуваше во „Ѕвездите на гранд“ Тамара Радмиловиќ заврши во болница откако добила преплет на цревата.
-Имав мачнини, повраќав и грчеви во стомакот. Завршив на ургентен центар и по направените контроли ми кажаа дека ми се заплеткале цревата поради операцијата која ја имав неодамна откако преживеав сообраќајна несреќа, вели пејачката за српските медиуми.
Таа додава дека сега по операцијата е подобро и се надева побрзо да оздрави.
Инаку таа во 2017 година преживеа сообраќајна несреќа откако нејзиниот автомобил се заби во бетонски ѕид.
-Еве драги мој наместо на настап, завршив во болница, важно е да сум жива и здрава. 18 април е мојот втор роденден бидејќи преживеав сообраќајна несреќа поради која ќе променам некои работи во мојот живот, напиша тогаш пејачката.