Романскиот Парламент денеска треба да гласа за доверба на Владата на премиерот Лудовик Орбан, само неколку дена пред претседателските избори, закажани за 10 и 24 ноември.
Владата на социјалдемократите на Виорика Данчила падна минатиот месец, откако и беше изгласана недоверба во Парламентот.
По паѓањето на владата, романскиот претседател Клаус Јоханис го номинира Орбан за премиер за да формира влада. Но, Орбан заедно со кабинетот, сега треба да се соочи со гласање доверба во Парламентот, пред да стапи на должност.
Лудвиг Орбан (56) е поранешен министер за транспорт. Тој е брат на првиот романски еврокомесар, но не е поврзан со унгарскиот премиер Виктор Орбан, иако неговиот татко е од унгарска етничка припадност.