понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Одбраната тврди: Со незаконски докази се конструира непостоечки случај, а патиштата уште се градат

Одбраната тврди: Со незаконски докази се конструира непостоечки случај, а патиштата уште се градат

Со незаконски докази се конструира непостоечки случај, тврди одбраната на обвинетите на денешното судење за случајот „Траекторија“, во кој е опфатена изведбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Според одбраната, постојат неколку исклучоци наведени во Законот за јавни набавки, за кои што адвокатите сметаат дека токму тие се искористени како законска можност за донесување на одлуки.

-Правно онака како што е поставен обвинителниот акт, обвинението е невозможно и невистинито и одбраната ќе го докаже тоа. Во врска со потпишаниот договор, Собранието на РМ е она тело кое најавтентично го толкува законот кој според нив е законит. За овој договор и денес ниту новата влада, ниту новиот собраниски состав не барале раскин, туку напротив потпишаа Анекс на договорот, што значи патиштата уште се градат, вели одбраната, пренесува порталот Денешен.мк.

Околу наводната штета пак, адвокатите тврдат дека штетата ја направило СЈО, со тоа што направиле вештачење без јавна набавка, лицата кои вештачеле се без лиценци и вештачењето го извршила странска подружница.

-Со ова се крши член 12 од ЗКП за законитоста на доказите. Јас мислам дека законите треба да важат и за СЈО. СЈО овозможило со незаконско прибавување на доказите, таа странска компанија да се стекне со парични придонеси и го остетиле буџетот, истакна адвокатот на одбраната Донче Наков.

Според одбраната, вештачењето е од незаконски овластени лица, вештаци со истечени лиценци од странска подружница и сето тоа уште во фаза на подигнување на обвинителен акт, ги контаминира останатите докази за кои подоцна во постапката одбраната ќе се изнесе.

Најнови вести