петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Поради лошите политики на СДСМ пензионерите не добија покачување во вредност од 600 денари на годишно ниво како што тоа го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ“

„Поради лошите политики на СДСМ пензионерите не добија покачување во вредност од 600 денари на годишно ниво како што тоа го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ“

Срамно и безобразно е владата на СДСМ да се фали дека водат грижа за пензионерите и дека пензионерите ќе добијат покачување на нивните пензии од следната година. Вистинска слика за пензионерите  во Република Македонија е дека за овие три години СДСМ и Царовска им земаа 1800 денари на пензионерите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради лошите политики на СДСМ пензионерите не добија покачување на своите пензии во вредност од 600 денари на годишно ниво како што тоа го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите знаат дена оваа “ветување“ на СДСМ е само предизборна манипулација за да ги придобријат гласовите од оваа категорија на граѓани, стои во партиската реакција и се додава:

„Доаѓаат подобри времиња за сите граѓаните во Република Македонија. Тоа ќе се случи кога оваа криминална власт заедно со Заев и Царовска ќе ги заминат во историјата, и на 12 Април следната година ќе победи обновата на Македонија“.

Најнови вести