четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефицата на шведската дипломатијa во Скопје

Шефицата на шведската дипломатијa во Скопје

Министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на нејзиниот македонски колега, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопшти МНР, Линде во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбите се очекува да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Македонија и Шведска, наведуваат од МНР.