Дизајнерката и поранешна манекенка Ана Рајковиќ пред неколку месеци се породи со синот кој го доби со српскиот фудбалер и репрезентативец Предраг Рајковиќ.
Двајцата на синот му го дадоа името Реља, а се чини дека парот одлично се снаоѓа со малото бебе во домот, пишуваат српските медиуми.
Тие овие денови ја актуализираа и поранешната врска на манекенката со Вељко Ражнатовиќ токму поради неговата свадба во недела, но и поради нејзиниот нов изглед.
Имено дизајнерката се одлучила да ги смали своите усни кои подлежеа естетска корекција неодамна.
-Немав никаков проблем, но едноставно сите имаме различни фази… некогаш сакав да имам големи усни, сега веќе не сакам и за сето тоа тука е мојата волшебничка да ми ги исполни желбите, напиша таа на Инстаграм и информираше дека подлежела на естетска корекција.