понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ВМРО-ДПМНЕ Велес: Дали функционер на СДСМ нападна директорка на основно училиште?

-Која е причината за висок партиски функционер на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз - Велес физички да се пресмета со директор на основно училиште и дали директорот на основното училиште се здобил со телесни повреди?
ВМРО-ДПМНЕ Велес: Дали функционер на СДСМ нападна директорка на основно училиште?

Ангел Димов, советник во општина Велес од ВМРО-ДПМНЕ  јавно постави неколку прашања за кои верува дека целокупната јавност би сакала да добие одговори.

Следува интегрален текст од неговата прес-конференција

-Одговори на прашањата кои изминативе неколку дена општинската организација на Социјалдемократски сојуз –  Велес, сака да ги сокрие а немилите настани да ги постави како не постоечки. Со цело откривање на вистината пред целокупната јавност, јавно прашуваме дали висок партиски функционер на општинската организација на СДСМ Велес, физички се пресметал со директорот на основно училиште?

-Која е причината за висок партиски функционер на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз – Велес физички да се пресмета со директор на основно училиште и дали директорот на основното училиште се здобил со телесни повреди?

-Дали високиот партиски функционер од редовите на општинската организација на СДСМ Велес, е вработен во основното училиште со која раководи нападнатиот директор и дали е покрената соодветна дисциплинска постапка за истиот?

-Дали за остварување на болните амбиции и стигнување на некоја раководна позиција, поединци од високите партиски кругови на основната организација од Социјалдемократски сојуз –  Велес се спремни и физички да се пресметаат со своите надредени и не истомисленици исто како што го правеа во времето на едноумието?

-Дали овој е прв ваков напад на партиски функционер на општинската организација на Социјалдемократски сојуз-  Велес и дали е ова редовна практика за него?

-Дали покрај физичкиот напад врз директорот на основното училиште овој човек вербално се заканувал и на други негови не истомисленици?

-Јавно прашуваме дали случајот е пријавен во полиција и ако е пријавен зошто СВР Велес молчи?

– Дали СВР Велес пробува да го сокрие и забошоти целиот случај со цел да се заштитат локалните партиски шерифи на општинската организација на Социјалдемократски сојуз –  Велес?

-Дали локалните партиски функционери на општинската организација на Социјалдемократски сојуз се заштитени битија и за нив не важат законите на Република Македонија?

-Дали училиштата, болниците, градинките и останатите јавни институции ќе се претворат во места каде што владее насилството а градот на дивиот запад ќе биде?

-Дали СВР ќе преземе соодветна постапка а високиот партиски функционер на општинската организација на Социјалдемократски сојуз –  Велес ќе се изнесе пред лицето на правдата или ова ќе биде уште една од низата скандали како на локално така на државно ниво за изигрување на правдата и правната држава?

Велат дека со искрено жалење, но и со нетрпение очекуваат одговори на сите отворени прашања околу овој немил настан со цел целосно расветлување на случајот и казна за насилникот.