Се наоѓаме пред центарот за лагите и измами пред штабот на СДСМ, пред владејачката партија. Соочени со пораз, бесрамно пласираат лажни вести и вршат притисок врз медиумите за да им ја одиграат гнасната политичка манипулација во јавноста, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
-За македонскиот народ, за граѓаните на Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ, никогаш, ама никогаш нема да биде прифатливо негирањето на посебноста на македонскиот јазик, како и откажувањето од ликот и делото на Гоце Делчев. Сето она кое што значи добро и за граѓаните на Македонија и за граѓаните на Бугарија, во никој случај не е прифаќање и одобрување на антимакедонските политики кои што ги води власта во заминување. Власта која отвори цело министерство за вистина, формира тело за пласирање на лажни вести, под превезот на борба со лажните вести. Нивниот ПР стратег вели дека имале стратегија за вести на политичките противници, стратегија против ВМРО-ДПМНЕ, истакнува тој.
Стоилковски порачува дека Зоран Заев заминува за 40 дена.
-Во напливот на страв од препознаените лаги, лагите за пилоти, лагите за напредок, лагите за националните интереси, лагите за економски развој, лагите за плати на докторите, лагите за 500 евра просечна плата, лагите за раст на пензиите, лаги кои не се покриваат со лаги за блескање, СДСМ измислуваат, конструираат лажни вести за деградирање на опозицијата со измислување на криминални случаи и со лажни изјави со кои сакаат да го намалат поразот кој што ќе им го нанесат македонскиот народ, граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Кога не им успева тоа, тогаш прават притисок врз медиуми, апсат опозиционери, приведуваат новинари и им се закануваат со тужби! Само да Блеска лагата! Лагите нема да го покријат криминалот и корупцијата или продажбата на националните интереси, нема да го покријат рекет, нема да ги покријат крвавите тендери или авантите од Леонардо. Зоран Заев Заминува за 40 дена! Со него на 12 април ќе заминат и креаторите на лажната вистина во Македонија. Ќе започне обновата на Македонија, а бастионот на лажни вести ќе заврши на црните страници на македонската историја, порача Стоилковски.