четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во протестите во Иран загинале 115 лица

Во протестите во Иран загинале 115 лица

Амнести интернешенел (АИ) денеска соопшти дека во текот на протестите во Иран загинале најмалку 115 лица, а кои беа организирани поради поскапувањето на горивата во земјата. Организацијата изразува стравување дека бројката на загинати може да биде уште поголема, пренесе агенцијата Анадолија.

„Според последните податоци кои ги добивме, иранските безбедносни сили усмртиле 115 демонстранти. Веруваме дека вистинската бројка е уште поголема. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата во оваа земја. Апелираме на сите земји да ги земат за одговорни иранските власти“, се наведува во соопштението на Амнести интернешенел.

АИ во сторникот соопшти дека на протестите во Иран загинаа најмалку 106 демонстранти.

Економската ситуација во земјата е отежната по американските санкции, а населението, откако беше најавено значително зголемување на цените на горивата, на 15 ноември излезе на улиците во многу ирански градови.

Во текот на протестите беше предизвкана значителна материјална штета врз многу објекти, а откако судирите ескалираа во саботата, властите го ограничија пристапот до интернет.