петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Платете ги долговите за вода до 29-ти ноември без камата

Платете ги долговите за вода до 29-ти ноември без камата

ЈП Водовод и Канализација-Скопје ја потсетува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека спроведувањето на одлуката донесена од Управниот одбор за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање што започна на 04.11.2019 (понеделник), ЗАВРШУВА на 29.11.2019 (петок).

-Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг да ја искористат последната недела од оваа акција, од 25.11.2019 до 29.11.2019, за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање, порачуваат од ЈП Водовод и Канализација.