сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изрази жалење за загубата на животите во земјотресот во Албанија и подготвеност за помош.

– Длабоко жалиме за загубата на животите во земјотресот во Албанија. Ние сме подготвени да помогнеме. Нашите мисли се со народот на Албанија, напиша утрово министерот Димитров на Твитер.

Во силниот земјотрес што изутринава го погоди регионот на албанскиот град Драч, според извештаите на медиумите во Албанија, животот го загубиле најмалку 7 лица, а над 300 се повредени. Причинета е и голема материјална штета.

Најнови вести