Министерството за надворешни работи засега нема информации дека има македонски државјани меѓу загинатите и повредените лица во разорниот земјотрес што се случи рано утринава во Албанија.
Од Министерството објаснуваат дека ова се првични и неофицијални информации што ги добила македонската амбасада во Албанија од албанското министерство за внатрешни работи.
Од таму предупредуваат дека оваа информација може да се прмени во текот на денот, но тие се во постојан контакт со амбасадата и надлежните институции.