четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Како ќе изгледаат децата на Кејт и Меган за 20 години – Едно од нив ќе ги засени останатите

ФОТО: Како ќе изгледаат децата на Кејт и Меган за 20 години – Едно од нив ќе ги засени останатите

Компјутерски генерирани портрети на најмлади членови на кралското британско семејство откриваат како би можеле да изгледаат тие кога ќе пораснат

Принц Арчи

Фотографијата на Cosmetify.com го прикажува Арчи, шест месечниот син на војводата и војвотката од Сасекс, принцот Вилијам и Меган Маркл, како момче од 21 година.

Како што се гледа, тој има светла коса на неговиот татко, неговите очи и нос, но и пегите на мајката.

Принцеза Шарлот

Ќерката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, војвотката и војводата од Кембриџ, денес има светлка коса, но авторите на фотографијата претпоставуваат дека таа ќе потемни, како кај нејзината мајка. Принцезата Шарлот на фотографијата е прикажана со темна коса.

Носот и очите не се променети, но има дефинирана брада, како нејзиниот татко Вилијам.

Принц Луис

Најмладото дете на војвотката и војводата од Кембриџ, принцот Луис има посветла коса од Кејт и многу личи на таткото Вилијам.

Според новата фотографија тој би имал поистакнати образи, нос како татко му, а очите на мама Кејт.

 

Принц Џорџ

Првото дете на Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, е прикажан како маж од 27 години со потшишана коса.

Носот личи на оној на мајка му, има истакната вилица и светли очи. И како што се чини ќе биде еден од најпривлечните членови на кралското семејство поради својот изглед.

Најнови вести