понеделник, 4. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Не издржа ниту еден ден: Протече зелениот покрив на ГТЦ

Не издржа ниту еден ден: Протече зелениот покрив на ГТЦ

Град Скопје вчера го промовираше зелениот покрив на ГТЦ.

На покривот на ГТЦ беа промовирани „езерца“, клупи, фонтани, зеленило за кои градоначалникот  Шилегов рече дека се простор кој ќе раѓа многу убави спомени за скопјани.

Но, синоќа протекол таванот во ГТЦ токму во овој дел.

Порталот Република објави и видео на кое се гледа дека на подот во ГТЦ има садови во кои се собира водата што протекува одозгора.