недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лашкоска: Граѓаните на општина Нoваци субвенции за млеко веќе не добиваат од 2018-та

Лашкоска: Граѓаните на општина Нoваци субвенции за млеко веќе не добиваат од 2018-та

Тим на ВМРО-ДПМНЕ денес беше во Општина Новаци каде ги продолжува разговорите за обнова на Македонија.

Ане Лашкоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ по разговорите со граѓаните истакна:

„Често сме тука и веќе ситуацијата е позната, не е воопшто поразлична од онаа слика која што ја имаме низ цела Република Македонија. Луѓето се потиштени од ова што се се случува околу нас. Буквално катастрофа на секое поле, разочарани се од она што се случува еве во нивната општина со земјоделието. Она што можевме да го слушнеме и од граѓаните на оваа општина е што субвенциите на пример за млекото веќе не ги добиваат граѓаните од 2018-та година. За 2018-та година имаат добиено субвенции само за три месеци, за цела 2019-та година воопшто. А, ова е еден земјоделски крај каде што се сточарството е развиено, но ова што го кажуваат жителите на ова општина е што сточарскиот фонд во последните две години многу се намалува.

Голем е проблемот и со превозот на учениците од оваа општина, веќе втора година по ред. Иако државата односно министерството за образование обезбедува и треба да обезбедува средства за превоз на учениците од оваа општина кои што учат во Општина Битола, Општина Битола втора година по ред не распишува тендер. Од страна на локалната власт и на централната власт предводена од Зоран Заев во ова општина има реализирано буквално ниту еден проект. Или единствениот проект што го гледаме и што го гледаат граѓаните се жандериите и цреповите кои што ги гледаме на бандерите, Впрочем и вашата камера може да го забележи после ова изјава единствениот проект кој што СДСМ го има реализирано во Општина Новаци.

Она што сакам да го напоменам е и проектот „Млад земјоделец“ за кој што се пофали министерот земјоделие пред околу две недели дека распишуваат нов конкурс. Сакаме да ги информираме граѓаните и сите надлежни институции да видат што се случува всушност со оваа мерка. Затоа што веќе година и три месеци од последниот конкурс кој што беше апликациите не се разгледани и граѓаните немаат ниаков одговор. А, власта вели дека распишува еден нов повик за пријавување за „Млад земјоделец“.

Старвот кој што царуваше, она што може да го забележиме повеќе го нема кај граѓаните. Така да она што може да го порачаме и на локалните власти и на централната власт предводена од СДСМ дека обновата на Македонија почнува. Обновата на Македонија доаѓа. Македонија ќе биде обновена заедно со најголемата коалиција која што ја прави ВМРО-ДПМНЕ со народот на Република Македонија.

Уште еден месец останува кога на чело на оваа Влада е Зоран Заев, кога по еден месец целосно ќе го испрати оваа најголема коалиција во заборавот на историјата на Република Македонија. И она што можеме да го кажеме, она што го кажуваат граѓаните на Општина Новаци и што го посакуваат е ова зло на државата повеќе никогаш да не се повтори.

После 12-ти април следува обнова на Македонија, следува обнова на Македонија заради тоа што си ја сакаме државата. Си ја сакаме Република Македонија. И овие млади луѓе кои што денес ги гледате овде сакаат својот живот да го продолжат во Република Македонија и во Општина Новаци“.

Најнови вести