Во епидемијата на сипаници во Самоа животот го загубија 50 деца, а властите брзаат да го вакцинираат целото население.
Владата на таа држава во Јужен Пацифик соопшти денеска дека уште пет деца починале во изминатите 24 часа и дека епидемијата се шири.
Во Самоа, од крајот на октомври починаа вкупно 53 луѓе, вклучувајќи еден возрасен и двајца тинејџери постари од 14 години. Повеќето од смртните случаи се доенчиња или мали деца, вклучително и 23 новороденчиња под една година и 25 новороденчиња на возраст меѓу една и четири години.
Самоа прогласи вонредна состојба минатиот месец и издаде наредба да се вакцинираат сите 200.000 луѓе што живеат на островот. Според надлежните, минатиот месец биле вакцинирани околу 33.000 лица, а оттогаш се вакцинирани уште 58.000 лица.