Северокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повторпат за помалку од два месеци јаваше на бел коњ и се искачи на светата планина Паект, објави севернокорејската агенција КНЦА.
На фотографиите се гледа ким на бел коњ заедно со својоата сопруга и други официјални лица на планина покриена со снег.
Во прашање е планина со највисок врв на корејскиот полуостров на кој Ким се искачувал и претходно пред да донесе некоја голема одлука.
Во тој контекс се укажува дека последново патување доаѓа во период кога се доближува истекот на рокот од една година која Ким ја одреди за Вашингтон да излезе со нова спогодба за спас на нуклеарната дипломатија.