Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил споделија статус во кои пишуваат дека македонската економија бележи пад на извозот од јануари до октомври годинава.
-Пад на извозот за Јануари-Октомври 2019
Државниот завод за статистика објави податоци за надворешно трговската размена во периодот јануари-октомври 2019 година.
Од податоците се забележува пад на извозот од 5% при истовремен помал пад на увозот од 2% во октомври 2019 година. Ова преставува најголем пад на извозот во последните 5 години.
Зошто се намалува извозот ќе мора да ги почекаме деталните табели со извоз по СМТК кои Заводот би требало наскоро да ги објави, стои во нивниот пост на Фејсбук.