Северина во сабота со настапот во Словенија ќе ја заврши својата турнеја „Magic Tour“. Досега настапи во родниот Сплит, Белград и Загреб.
На наведените настапи во сите градови имаше исти креации, ги менуваше точно на одредени песни, но бојата беше иста. Сега таа на друштвените мрежи објави фотографија на која позира во розов комплет и штикли, но и со долга розова брановидна коса.
Не се знае дали е во прашање перика или Северина се одлучила малку да го промени изгледот и смеѓата коса да ја замени со розова. Некои ја фалеле за промената, а некои сметале дека такви „силни“ бои не се прикладни за жена која наскоро ќе наполни 50 години.