недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кралицата Елизабета ќе ја претстави програмата на новата влада во Британија

Кралицата Елизабета ќе ја претстави програмата на новата влада во Британија

Кралицата Елизабета Втора денеска ќе ја претстави програмата на новата конзервативна влада по убедливата победа на Борис Џонсон на предвремените избори на 12 декември.

Програмата вклучува прифаќање на законодавството за излез на Велика Британија од ЕУ на 31 јануари.

Со традиционалниот говор кралицата Елизабета ќе ја објави програмата на владата на Борис Џонсон, која содржи повеќе од 20 законски акти. Таа нема да биде облечена церемонијално и постапката ќе биде скратена.

Програмата, покрај договорот за Брегзит, предвидува мерки за обезбедување дополнително финансирање за здравствена заштита и подолги казни за опасните криминалци. Амбициозната програма содржи уште подлабоки реформи кои влијаат на образованието и инфраструктурата.

Борис Џонсон најави дека сака да ја обедини земјата. Тој има мнозинство од 80 гласови во Долниот дом. По церемонијата, од пратениците ќе биде побарано веднаш да започнат со ратификување на договорот за Брегзит.

Првата дебата и гласањето се очекуваат утре, по што Парламентот ќе се распушти за божиќните празници.