понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неколку дена пред формирање на Техничка влада: Дузина огласи за вработувања во МВР

Неколку дена пред формирање на Техничка влада: Дузина огласи за вработувања во МВР

На само неколку дена пред техничкиот министер да застане на чело на Министерството за внатрешни работи, според таканаречениот Пржински договор за одржување на предвремените парламентарни избори на 12-ти апри, објавени се десетици огласи за вработувања во ресорот.

Неофицијално, актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој должноста треба да ја напушти за неколку седмица, ги пополнува раководните позиции во полицијата со партиски кадри.

Извори на НетПрес од МВР велат дека меѓу полицајците се зборува дека однапред е познато кој ќе ги пополни позициите.

Ваквите вознемирувачки за јавноста информации се надоврзуваат на веста дека токму денеска припадниците на специјалната единица „Алфи“  се прераспоредени во Единицата за јавен ред и мир со седиште во Ѓорче Петров. Тоа, како што објави порталот  denesen.mk, практично занчи дека споменатата полициска единица повеќе не постои.

Симптоматично е што овие потези на Спасовски се случуваат на неколку дена пред формирање на техничката Влада која треба да ги реализира изборите на 12 април 2020 година, а МВР треба да го преземе министер назначен од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе документи, погледнете на НетПрес

Најнови вести