петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОЈО се огласи во врска со двата предмети против градоначалникот на општина Лозово

ОЈО се огласи во врска со двата предмети против градоначалникот на општина Лозово

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите за постапувањето на Основното јавно обвинителство Свети Николе во два предмети против градоначалникот на општина Лозово, Јавното обвинителство појаснува дека, постапувајќи по две барања за изземање поднесени од пријавениот, Вишото јавно обвинителство Штип пред околу еден месец донесе одлука со која барањата беа уважени.

Притоа, првиот предмет кој е во фаза на подигнато обвинение е префрлен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Штип, додека за вториот предмет кој е во фаза на предистрага за надлежно е определено Основното јавно обвинителство Делчево.

Служба за односи со јавноста – Јавно обвинителство на Република Македонија

Најнови вести