петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Обвинителството со детали за нападот врз Елена Ристеска, осомничената доби и забрана за приближување

Обвинителството со детали за нападот врз Елена Ристеска, осомничената доби и забрана за приближување

Основното јавно обвинителство Скопје информира поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата. Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв.

Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, информираат од ОЈО.

Од МВР пак, соопштија дека Е.Т.П. го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.

Најнови вести