понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Власта вети, но не разговараше со 20.000 пазарџии, овој закон е победа на пазарџиите

Мицевски: Власта вети, но не разговараше со 20.000 пазарџии, овој закон е победа на пазарџиите

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, на собраниската дискусија за предлог законот за престанување на важење на законот за зелените пазари истакна дека иако овој закон беше предложен од ВМРО-ДПМНЕ, после 2 години одбивање да се стави на точка на дневен ред, сега власта го поднесува затоа што нема идеја како да се справи со 20.000 пазарџии.

-Не си стоите на зборот затоа што после 2 години молење за да го повлечете законот за зелените пазари вие сега носите Предлог закон за престанување на важење на законот за зелени пазари, иако овој закон го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, не ја прифативте точката да влезе на дневен ред, вели Мицевски.

Тој исто така истакна дека овој закон во 2018- та година беше донесен кога пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваше од Собранието.

-Власта мислеше дека може да помине надвор од очите на јавноста, но кога се организираа над 20.000 пазарџии и организатори на пазари и реакциите од Стопанската комора решијада го одложат за една година, за до 2019-та година купат мир во пресрет на претседателските избори. Ветувавте дека ќе разговарате со пазарџиите тоа не го направивте, па сега соочувајќи се со парламентарни избори и со недостакот на идеи што да се прави со оваа група на граѓани кои реално реагираа, решивте да го повлечете законот, вели Мицевски.

Тој вели дека ова е победа на пазарџиите и победа на организаторите на пазарите и еден вид сатисфакција на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што после две години убедување дека ова законско решение не е добро, власта реши да го повлече.

Најнови вести